Брус Ли не само што го направи кунг фу популарен меѓу западњаците, тој продолжува да инспирира милиони луѓе ширум светот 47 години по неговата смрт.
„Во медиумите во тоа време немаше многу азиски идоли. Многу е невообичаено дури и да помислите дека Азиец може да биде личност за восхитување од луѓе кои не се Азијци,“ рече Стив Аоки, диџеј, музички продуцент и музичар, во ТВ-емисија за новиот документарен филм за Брус Ли во режија на Бао Нујен.
Документарниот филм „Биди вода“ (Be Water) кој премиерно беше прикажан како дел од ESPN серијата 30 за 30 во неделата, го носи името на една од филозофиите на Ли, кои многумина ги сметаат за јадро на неговиот поглед на животот и воените вештини.
„Водата може да тече или да руши. Биди вода, мој пријателе! Секогаш биди свој, изрази се, имај верба во себе. Кога гледам наоколу, секогаш учам нешто -да бидам тоа што сум и да верувам во себе.“