Одборот за вооружени сили при Сенатот на САД, предводен од републиканците, го одобри амандманот со кој му се наложува на секретаријатот за одбрана на САД да преименува воени бази.
Амандманот се однесува на воените бази кои носат имиња на генерали на Јужната конфедерација.
Со одлуката за усвојување на амандманот на Националниот акт за вооружените сили, поднесен од демократската сенаторка Елизабет Ворен, републиканските сенатори отворено му се спротивставија на претседателот Доналд Трамп, кој експлицитно е против преименување на воените бази.
Трамп вчера го отфрли барањето за преименување на воените бази, кои ги носат имињата на генерали на Јужната конфедерација, и се закани дека ќе стави вето на секој акт кој ќе му наложи на Пентагон да спроведе таква одлука.