Началникот на Генералштабот на САД Марк Мили изјави дека погрешил кога чекорел покрај претседателот Доналд Трамп до црква оштетена од демонстрантите и пред која Трамп беше сликан со Библијата в рака.
– Настанот од 1 јуни создаде „перцепција дека војската е вклучена во домашната политика, рече генералот Мили во видеото емитувано на виртуелната церемонија на доделување дипломи на Воениот колеџ на Националниот универзитет за одбрана.
– Не требаше да бидам таму. Моето присуство во тој момент и во тоа опкружување создаде перцепција дека војската е вклучена во домашната политика, рече Мили.
– За офицер во униформа, тоа беше грешка од која научив лекција и топло се надевам дека сите можеме да учиме од тоа, додаде тој.
Трамп прошета со црква во близина на Белата куќа, откако безбедносните сили ги растераа демонстрантите за тој да може да помине.
Трамп беше придружуван од генералот Мили во воена униформа, што критичарите го протолкуваа како знак дека тој го поддржува планот на Трамп за испраќање војска на демонстрантите