ПСЖ се надева дека наскоро ќе го финализира трансферот на Тео Ернандез. Парижаните контактираа со претставниците на дефанзивецот на Милан за време на пандемијата и сега шпанското радио „Онце Черо” тврди дека договорот ќе се случи во текот на летото.
Дваесет и две-годишниот дефанзивец ќе го заземе местото на Лавин Курзава, кој е поврзан со трансфер во Интер и Јувентус.
И покрај тоа што Леонардо се врати на „Паркот на принцовите” во времето кога Тео Ернандез потпиша со Милан минатото лето, поранешниот спортски директор на „росонерите” е голем обожавател на играчот.
Милан не сака да направи попуст на цената за дефанзивецот и ПСЖ ќе мора да плати сериозна сума ако сака да го привлече Ернандез.
Шампионот на Франција веќе направи високопрофилен трансфер откако плати 50 милиони евра на Интер за Мауро Икарди.