Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бројките на заболени со коронавирус не ги кријат, а процесот е транспарентен.
„Едно е јасно, бројките не се кријат, транспарентен е процесот од самиот почеток до денеска и јас верувам дека само така е исправно, никако поинаку. Останува сите максимално да се придржуваме на мерките, носење на маски, редовна дезинфекција, држење на дистанца, секако хигиената е многу важна, но и укажување на другите за оваа работа“, посочи Заев.
Тој додаде дека таму кадешто се применуваат повеќе мерките бројките се многу мали.