Заев на Клик плус: Трите пакети економски мерки даваат резултат, 550 милиони евра одат кај 730.000 корисници, помагаме на сите

Владата на СДСМ во текот на мандатот од 2,5 години успеа во многу политики од економски аспект, успехот е уште поголем оти се знае дека затекнавме економија во минус од 1,8 отсто а до крајот на 2019 година имавме раст од 3,6 отсто, исткна претседателот на СДСМ Зоран Заев во емисијата „Клик плус” на ТВ21.
Стапката на невработеност ја намаливме од 27 на 16,2 отсто, отворивме 64.000 нови работни места, странските инвестиции ги срушија сите досегашни рекорди, за 2,5 години ја покачивме минималната плата за 5.500 денари на 14.500, а просечната температура од 22.400 во март 2017 на 27.480 на почетокот на 2020 година, платите во образованието пораснаа за 21%, пензиите скокнаа за 722 денари, нагласи претседателот Заев.
Токму успешните политики на економски план ни даваат за право да имаме оптимистичко сценарио за справување на економската криза од коронавирусот, рече Заев, додавајќи дека државата има капацитет и тука е за да помогне.
Сите невработени, домаќинствата приматели на социјална помош, младите од 16 до 29 години, сите со ниски приходи добиваат пари, да ги трошат на македонски производи и со тоа да им помогнеме на компаниите, истакна Заев, додавајќи дека 730.000 корисници, добиваат 550 милиони евра преку програмите за помош во кризата.
– Цел ни е да ја подигнеме приватната потрошувачка, авансно ги плаќаме субвенциите, капиталните инвестиции се за 5-6% поголеми од 2019 година, нагласи Заев.
Тој порача дека државата е подготвена за следен пакет помош во вредност од 300 до 400 милиони евра на крајот на летото или наесен.

 

Треба да знаете
Последни објави