ОН предупредија дека поради пандемија на коронавирусот поголем број деца ќе бидат принудени да работат.
Зголемувањето на бројот на деца принудени на работа ќе се забележи за првпат во две децении. Според заедничката студија на Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) и Меѓународната организација на трудот, бројот на деца кои работат во светот се намали за 94 милиони од 2000 година.
„Ова достигнување сега е во опасност” поради пандемијата, предупредуваат ООН.
Според студијата и податоците од Светската банка, бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија се очекува да се зголеми од 40 на 60 милиони оваа година поради епидемијата.
Меѓународната организација на трудот во периодот 2012-2016 година регистрира 152 милиони деца во светот кои биле принудени да работат.