Како што неофицијално дознава Курир од свои извори во Институтот за јавно здравје, досега се регистрирани 144 новозаболени, од кои 69 се од Скопје, a се очекуваат резултатите од уште една приватна лабораторија со што се очекува бројката на новозаразени да расте.
Вчера беа потврдени 175 случаи на инфекција со коронавирусот и пет смртни исходи.
Без најновите податоци, за последните десет дена во земјата се регистрирани 1.316 новозаразен и 36 починати.