Унгарија бележи раст од 5,5 отсто на наталитетот од минатата година откако земјата воведе про-семејни политики, пренесува „Брејтбарт“.
Државниот секретар за семејство и млади, Каталин Новак, во четвртокот на Твитер објави дека Унгарија бележи пораст и во бројот на новородени и раст од 5,7 отсто на стапката на плодност во првите четири месеци од годинава, во однос на истиот период во 2019 година .
„Повторно добра вест!“ изјави таа, додавајќи дека годинава е зголемен и бројот на регистрирани бракови за еден и пол пати во однос на претходната година.