Велика Британија нема да го продолжи периодот на транзиција за време на кој треба да се договори иднината на односите со Европската унија, а кој изминува на крајот на годината, изјави британскиот државен секретар Мајкл Гов.
„Официјално потврдувам дека Велика Британија нема да го продолжи периодот на транзиција. Моментот за продолжување мина и на 1 јануари 2021 година ќе ја вратиме контролата и нашата политичка и економска независност”, напиша Гов на Твитер.
После неколку недели, в понеделник продолжуваат преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за идните односи откако земјата ја напушти Европската унија.