Неготинка отишла на Хематологија за друга дијагноза, дознала дека е позитивна на Ковид 19

Во тек на денешниот ден е регистриран нов случај на корона вирус во Неготино, потврди Министерството за здравство. Станува збор за жена на возраст од 71 година, а случајот не е поврзан со ниту еден од претходните инфицирани во градот, објави Фокус.

-Жената заминала во Скопје на клиниката за хематологија поради друга дијагноза, не знаела дека е позитивна на Ковид-19. Таму и бил земен брис, а резултатот е позитивен, по што е препратена на инфективната клиника.

Според информациите од Центар за јавно здравје Кавадарци, таа не била во контакт со ниту еден од веќе регистрираните позитивни случаи во Неготино, пане можат да кажат од каде се заразила.

Со денешниот случај, во Неготино моментално има шест активни случаи на корона вирус.

Треба да знаете
Последни објави