Обединетите нации заклучија дека ланските напади врз нафтените постројки на Саудиска Арабија биле изведени со иранско оржје. Ова се дознава од извештајот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, до Советот за безбедност на ОН, до кој дојдоа некои американски медиуми.
-Секретаријатот оценува дека крилестите ракати или нивни делови употребени во четирите напади имаат иранско потекло, се вели во документот, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.
Заклучокот е направен врз основа на анализа на остатоците на оружјето. Во извештајот се разгледувале и нападите во Афифа во мај 2019 година и престрелките кај аеродромот Абха во јуни и август. Дроновите што биле искористени за нападите на објектите во Абкаик и Хураис во септември 2019 година, исто така, се од иранско потекло.
Во септември 2019 година беа нападнати најголемите нафтени објекти на Саудиска Арабија. Одговорноста за тоа ја презеде шиитското племе Хуси. По експлозиите, земјата го намали производството на нафта за 5.7 милиони барели дневно. За нападите САД го обвинија Иран и воведаа санкции против него.