Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, изјави дека дознал од играчите на „црвените ѓаволи” дека Пол Погба се вратил како комплетно променет играч по пандемијата од коронавирус.
Французинот страдаше од повреди во текот на целата сезона, вклучително и се подложи на операција на ногата. Сега, сепак, тој е целосно опоравен и ќе биде на линија да му помогне на Јунајтед во битката со Челси за место во топ 4.
Саха верува дека Погба и Бруно Фернандеш ги имаат сите шанси за да формираат одличен тандем на средината на теренот за тимот на Оле Гунар Солскјер, и покрај тоа што двајцата сè уште немале можност да играат заедно.
– Погба се уште е меѓу најдобрите во светот, и покрај тоа што има проблеми со повредите цела сезона. Тој се вратил многу мотивиран од тоа што го слушам. На телефон тој звучи крајно мотивиран. Сакам да видам нов Погба кој е лидер заедно со Бруно Фернандеш, беше коментарот на Саха на темата.