Илјадници луѓе низ Хонгкон гпееја денеска протестни песни и маршираа за да ја одбележат годишнината од судирите со полицијата.
Стотици демонстранти се собраа во познатите трговски области Куасвеј Беј и Монгкок, и во шопинг центарот Ша Тин.
Демонстрантите во Куасвеј Беј носеле транспаренти „Небото ќе ја уништат ЦЦП”, мислејќи на Кинеската комунистичка партија.
Полицијата беше во приправност додека демонстрантите извикуваа пароли и ја пееја протестната химна „Слава на Хонгконг”.
Во Монгкок и Куасвеј Беј полицијата подигна сина застава, предупредувајќи дека собирите се незаконски и може да биде употребена сила за растурање на учесниците.
Група демонстранти се приведени и претресени во Монгкок, а во Куасвеј Беј полицијата употребила бибер спреј и уапси неколку демонстранти, вклучувајќи и еден пратеник.