Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата за можноста за упатување жалба на предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други, и донесе заклучок да не поднесе барање за обжалување на пресудата пред Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).
Со оваа одлука да не ја обжали одлуката на ЕСЧП, Владата ја прифати пресудата на судот по предметот Стрезовски против Северна Македонија и 7 други што го покренаа осуммина граѓани од нашата земја кои се жалеа обврската да плаќаат надоместок за парно греење на приватните снабдувачи со топлинска енергија, иако беа исклучени од топловодната мрежа.