Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба со Зоран Заев кај претседателот Стево Пендаровски не спомнал ниту „з“ од здравство и здравствена криза, велат извори од СДСМ за текот на разговорите.
Според нив, главна цел на Мицкоски била да предизвика што поголема збрка со правни прашања за кои законите и процедурите се јасни. Најпрово го отворил прашањето дали мисијата на ОБСЕ ОДИХР може да дојде од утре, што според изворот, е нелогично, бидејќи мисијата треба да добие точен датум, да се организира и да пристигне. Мисијата веќе најави дека ќе прати набљудувачи.
Лидерот на опозицијата спорел дека ДИК нема доволно време иако законот и уставот се јасни дека 22 дена по завршуваење на вонредната продилжува процесот, а ДИК е извршно тело. Мицкоски барал процесот со избирачкиот список да се врати на почеток, со увид, иако увидот е одамна завршен.