РБ Лајпциг потврди дека Тимо Вернер ќе замине ова лет

Раководството на РБ Лајпциг призна дека Тимо Вернер најверојатно нема да остане во тимот по крајот на сезоната, бидејќи трансферот на напаѓачот во Челси е скоро сигурен.

– Среќни сме што Тимо е се уште тука. Сепак, за него сигурно ќе има промена. Ние ќе ги објавиме вестите кога ќе станат факт, соопшти спортскиот директор Маркус Кјоче.

Британските и германските медиуми минатата недела објавија дека договорот е скоро финализиран, а „сините” се подготвени да ја платат откупната клаузула во висина од околу 55 милиони евра.

Дваесет и четири-годишниот Вернер се пресели во Р.Б. Лајпциг во 2016 година и има договор до 2023 година. Тој има постигнато 25 голови во Бундеслигата оваа сезона и вкупно 31 на сите натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави