Пелистер го продолжи договорот со тренерот Штерјовски

Новиот фудбалски прволигаш, битолски Пелистер го започна планирањето за новата сезона со продолжувањето на договорите со тренерот и спортскиот директор. Претседателот на клубот, Пеце Стојчевски денес потврди дека Зоран Штерјовски ќе ја води екипата и следната сезона.

Штерјовски дојде на местото на Дарко Крстески пред крајот на есенскиот дел од шампионатот на ВМФЛ-Запад и со добриот финиш на есенскиот и почеток на пролетниот дел се избори за првото место и по прекинот, Фудбалската федерација на Македонија го промовира клубот од Битола во прволигаш.

Пред да дојде на кормилото на Пелистер, Штерјовски ги предводеше МиравциСилексПобедаБрегалница Штип. Младиот тренер се обврза на договор на една сезона.

Улогата на спортски директор и во сезоната 2020/21 ќе ја извршува Пеце Коруновски. со

Ако добие дозвола за колективни тренинзи, Пелистер ќе ги започне подготовките за новата сезона на 20 јуни.

Треба да знаете
Последни објави