Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева денеска со полициска придружба била спроведена во Гевгелија на погреб на нејзиниот татко Костадин Делиџаков, долгогодишен судија и претседател на гевгелискиот суд, објави Либертас.
Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.
Денеска Јанева добила согласност да биде спроведена и на погребот на нејзиниот татко. Пресудата за Рекет судечкиот судија ја најави за четврток, 18-ти овој месец.