Не ме интерсира Грција да биде број еден дестинација во Европа, ме интересира Грција да биде најбезбедна дестинација во Европа, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Санторини.
Во пресрет на утрешниот официјален и постепен почеток на туристичата сезона во Грција, Мицотакис одржа пре- конференцијата на грчкиот остров, наменета за акредитираните странски новинари во земјата, а одговарајќи на прашањата на дописниците, акцентот го стави на гарантирањето на безбедноста и здравјето на сите туристи.
– Ние многу се фокусиравме, на здравствените и безбедносните процедури во рамките на секторот на хотели. И, ќе бидеме многу строги кога станува збор за основните параметри и упатства што ги поставивме, бидејќи треба самите да се заштитиме, да ги заштитиме нашите гости и да ги заштитиме луѓето, кои всушност работат во овој сектор. Можам да гарантирам дека ќе продолжиме да работиме исклучително напорно, секогаш да ги слушаме експертите, секогаш да следиме советите засновани врз податоци и мислам дека докажавме дека државата всушност може да работи на многу високо ниво, рече грчкиот премиер.
Мицотакис објасни дека постојат строги протоколи за хотелите, постојат конкретни правила и мерки за туристите да можат да уживаат во Грција, но ќе мора да избегнуваат собирања и гужви, како на пример во баровите на плажите, објаснувајќи дека земјата е подготвена за сите сценарија, во случај да се појави појави Ковид-19 кај некој од посетителите, но потенцираше дека нема да биде потребно во Грција да се воведе целосна карантина и целосна забрана за движење.
Тој повтори дека од 1 јули земјата ќе биде отворен за сите посетители, без дополнителни рестрикции и само со тестови по случаен избор.
Со позадина, популарното меѓу туристите, зајдисонце на Санторини, во присуство на околу 80 странски дописници и грчки новинари од околу 50 медиуми од Грција и странство, меѓу кои и МИА, Мицотакис одржа прес-конференција на грчиот остров , упатувајќи ја пораката „Дојдете во Грција” и повторувајќи дека безбедноста е најголемиот приоритет.