Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се рекордни 11.929 нови случаи на Ковид-19, што е најголема бројка на дневно ниво. Во Индија досега потврдени се 320.922 случаи на новиот коронавирус, од кои 9.195 починати.
Од епидемијата најпогодена е западната индска држава Махараштра, а во главниот град на Индија, Њу Делхи пријавени се најмалку 38.958 пациенти.
Индија е на четврто место по бројот на заразени во светот, по САД, Бразил и Русија.
Со новиот коронавирус во светот инфицирани се 7.888.961, од кои 432.696 починаа, а оздравеле 4.051.154 луѓе.