Жена на 74-годишна возраст од Призрен почина утрово на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово (ЌКУК), со што бројката на жртви на новиот коронавирус во земјата се искачи на 33, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението од ЌКУК, и последната, како и сите други жртви на епидемијата, страдала и од други тешки болести.
Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани 1.384 заболени од Ковид-19, од кои како излекувани се водат 928 лица. Активни носители на вирусот се 476 лица.
Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово досега се извршени 17.934 тестирања.