Учениците и вработените во средните училишта на Град Скопје имаат можност да учат и работат во подостојни и побезбедни услови од пред две години кога Град Скопје започна со интензивни реконструкции на сите училишта со цел да се одговори на потребите на секое училиште посебно.
Во изминатиот двегодишен период, сите градски средни училишта беа реконструирани согласно потребите, за што од градскиот буџет беа издвоени преку 160 милиони денари.
Во 2018 година, 11 средни училишта добија енергетско ефикасни фасади со современи стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинска енергија. Покрај тоа, во изминатите две години континуирано се вложуваше во реконструкција или замена на внатрешната и надворешната столарија, со цел обновување на дотрајаниот и нефункционален инвентар, зголемување на безбедноста на учениците и кадарот кој работи во училиштата и овозможување на поудобен и побезбеден училишен простор. Реконструкциите опфатија замена или реконструкција на кров, санација на санитарни јазли, водовод и канализација, промена на прозори, врати и подови, реконструкција на топлотни тела. Се изврши целосна замена на стариот и неефикасен систем за греење во Браќа Миладиновци, со нов безбеден и ефикасен систем со радијатори по современи стандарди.
Град Скопје во 2019 година изврши целосна реконструкција на фасадите на двете средни училишта, Марија Склодовска Кири и Цветан Димов, во вкупна вредност од околу 70 милиони денари. Со тоа, овие училишта добија енергетско ефикасни фасади со модерен изглед согласно современите светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација.
Една третина од училиштата добија адаптирани тоалети за лицата со пoпреченост со цел олеснување на нивното секојдневнот функционирање во училиштето, поголема независност и самостојност во извршувањето на обврските. Во скоро сите училишта каде шти имаше соодветен простор се облежаа посебни паркинг места за лицата со попреченост. На тој начин се овозможува поголема достапност на слободно паркинг место и непречано пристигнување во училиштето.
Во последнава година беа пуштени во употреба и две нови спортски сали, во средните училишта Боро Петрушевски и Сарај. Овие две училишта претходно немаа спортска сала и наставниот кадар и учениците без оневозможени соодветно да ја реализираат и следат наставата по физичка култура и образование.
Влогот во оддржување на достојни, безбедни и удобни училишни простори е влог во иднината и почит кон сите чинители во образовниот процес.