Албанија и денес забележа висок број на новозаразени- 57 од 362 тестови направени за Ковид-19, што е нов рекорд по вчерашните 48, исто така рекордни заболени.
-Поради фактот дека во некои претпријатија, трговски субјекти или разни јавни и приватни институции се откриваат позитивни случаи, препорачуваме бизнисите, институциите, компаниите, каде што е можно да работат од дома за да се спречи ширењето на Ковид-19. Маските или заштитните бариери се задолжителни и какво било прекршување ќе биде казниво според важечкиот закон.“, рече Ровeна Даја, Министерство за здравство.
Зголемување на бројот на заразени има и во Косово, 53 нови случаи. Министерот за здравство најави масовно тестирање во наредните денови, но истакна дека нема да има враќање на мерките. Сепак, апелираше до граѓаните максимално да ги почитуваат.
„Мерките беа пред две недели и нивното укинување сега се совпаѓа со неводење општа грижа за одржување на растојание и хигиена, како и неносењето маски. Никогаш нема да има враќање. Ќе продолжиме со управување со оваа состојба и да го елиминираме Ковид-19. Да даде Господ да бидеме што е можно подготвени за секој бран.“, изјави Арменд Земај – министер за здравство.
Досега во Косово се потврдени 1.437 случаи, излекувани се 928, а до денес се регистрани 33 жртви. Во Албанија пак, вкупниот број случаи со КОВИД-19 досега изнесува 1.521.