Американски ловец Ф-15 се урна во Северното Море

Авион на американските воздухопловни сили се урна недалеку од брегот кај Јоркшир, јавуваат британските медиуми.

„Скај њуз“ пишува дека авионот „Ф-15“ се урнал во Северното Море, а како што се наведува, веб-страницата што го следи движењето на авионот регистрирала како авионот кружел во таа област.

Американските воздухопловни сили соопштија дека се во потрага по пилотот.

Треба да знаете
Последни објави