Дали ЕУ ќе има сопствен „Маршалов план” по Ковид-19?

Политико, Брисел

 

Споредбата со програмата за закрепнување на европската економија после војната и и сегашните планови за поддршка на ЕК се во голема мерка неточни, тврдат експертите.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во повеќе наврати изјави дека на Европа и е потребен нов „Маршалов план” за справување со економската криза, предизвикана од  новиот коронавирус, како следен долгорочен буџет на ЕУ.

Но, додека се повикува на големата програма финансирана од САД за кревање на Европа од пепелта на Втората светска војна, за да се илустрира обемот на предизвикот со кој верува дека сега се соочува континентот, споредбите на Фон дер Лајен остануваат неосновани, велат експертите.

Прво, парите за нов „Маршалов план” треба да доаѓаат од самите европски влади. Од друга страна, буџетот на ЕУ е многу помал како дел од европската економија, од повоената помош обезбедена од САД.  И најголемиот дел од буџетот на ЕУ е наменет за постојните програми, како што се земјоделски субвенции и трошоци за регионален развој.

За да ја претвори повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ во реална економска финансиска помош, Комисијата ќе мора да предложи (а националните лидери  да усвојат) далеку поголем буџет од претходно предложеното, заедно со радикален ремонт во распределбата на споделените средства. Засега нема индикации дека се нуди нешто драматично или дека би било прифатено.

Јасно е дека буџетот на ЕУ ќе игра улога во економската стратегија за решавање на кризата. Но, исто така е јасно дека одговорот ќе дојде пред се од високата цена на националните влади и програмата за откуп на средства од 750 милијарди евра од Европската централна банка, како и други програми на ЕУ, евентуално фондот за спас на еврозоната и реосигурување на невработеност.

Во оригиналниот „Маршалов план” се користеле грантови за оживување на производството на западноевропските економии, уништени од Втората светска војна.

„Помошта треба да биде наменета за  „промовирање на индустриското и земјоделското производство”, како и за „промовирање на обновување или одржување на стабилноста на европските валути, буџети и финансии” со „олеснување и стимулирање на растот на меѓународната трговија меѓу земјите учеснички и со трети земји преку соодветни мерки, вклучително и намалување на бариерите што можат да ја попречат таквата трговија “, се вели во Законот за економска соработка на САД во 1948 година.

„ Планот на Маршал дојде со некои услови. „Европската интеграција беше главен приоритет”, изјави Бен Стил, поранешен вработен и директор за меѓународна економија во мислителот на Советот за надворешни односи, кој напиша книга за Маршаловиот план.

„Клучен услов беше комунистичките партии да не можат да учествуваат во коалициските влади во земјите приматели. „САД јасно ставија  до знаење дека ќе ја намалат помошта на Маршал доколку комунистите некогаш добијат пристап до моќ”, додава Стил.

Ова е значителна разлика помеѓу Маршаловиот план и секој обид за заживување на европската економија преку буџетот на ЕУ. Но, постои и значителна разлика помеѓу обемот на првичниот Маршалов план, што обезбеди помош за 16 земји меѓу 1948 и 1952 година и следната долгорочна финансиска рамка на ЕУ, што треба да се спроведе помеѓу 2021 и 2027 година.

 Американската помош во 1948-1952 година во просек изнесуваше 2.6 проценти од економското производство на земјите-приматели, истакна Стил. Во номинална основа, грантот изнесуваше 13.2 милијарди долари – 1.1 процент од американскиот БДП во тоа време, додава тој.

Првичниот предлог на Европската комисија за буџетот на ЕУ за 2021-2027 година беше еквивалентен на само 1.11 проценти од бруто-националниот приход на блокот (БНП), мерка за големината на економијата што вклучува производство и други елементи. И кога водачите на ЕУ не успеаја да договорат буџет на самитот во февруари, тие бараа компромис од околу 1.07 проценти од БНП.

„Буџетот на ЕУ дефинитивно не е доволно голем и нема да биде доволно голем за да биде главната алатка за справување со економската криза”, изјави национален службеник за „Политико” во текстуална порака, под услов на анонимност. „Националниот фискален стимул (поддржан од акциите на Европската централна банка) ќе биде клучен”.

Експертите се согласуваат дека само буџетот на ЕУ нема да биде доволен за решавање на економските предизвици со кои се соочува Европа по Ковди-19.

Треба да знаете
Последни објави