Во дворовите на основните училишта во надлежност на Општина Кисела Вода се одржа свечено доделување на свидителства. Во општинските основни училишта: „Невена Георгиева-Дуња”, „Рајко Жинзифов”, „Кузман Шапкарев”, „Кирил Пејчиновиќ”, „Св. Климент Охридски”, „Круме Кепески”, „Кузман Јосифовски-Питу” и „Партенија Зографски”, наставниот кадар на околу 500 ученици им подели свидителства за завршено деветто одделение.
Учениците во текот на школувањето, благодарение на своите наставници, имаа можност да се стекнат со знаења од повеќе области. Тие научија многу работи, кои ги применуваат во секојдневниот живот.
При доделувањето на свидителствата беа запазени сите препораки за заштита на здравјето од вирусот Ковид-19.
Општина Кисела Вода на полуматурантите им поскаува успешно и среќно продолжување на средното образовaние.