На изборите на 15 јули ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку својот Фејсбук профил потврди дека ќе учествуваат на изборите на 15 јули.

-На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните. Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ. Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна. Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив, пишува Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1579137658928354?__xts__%5B0%5D=68.ARCIs92J8bsHTroKu5UxYAbjohG87sng0Esc-fVHXvVp83AK17NQDO0ryqpoev4kgheruDfCDDEzD5Y-_YudGdgdY_OsxBlRaTvm3Ng-_CABWNPpAfBZiPdaBlMAgtqrPMzKS4uM3oim9FfGKbZhEktvXf0dtnyPsbzWJ5SBVlhWsmFxhzqqV-KDMq100DOu6wP7XeaL-SONZYaB5gDIAXzbtRNhXzSXr7ETa-EPiQKfvSE9aB0CbdPNIZb1tNG-JpSd858Y6Ce0b4pDf0gSCllIjlJHbUfHh32wIqVAHBXu7-22a4PGKD6PLH2EgjNOSyzvu9af3bdmtGitDk0gKg&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави