Фудбалерот на Реал, Лука Модриќ, сака да ја заврши кариерата на „Сантијаго Бернабеу”. Тој зборуваше и за шансите на тимот во ЛШ, како и за отсуството на Кристијано Роналдо.
– Сигурен сум дека можам да играм на високо ниво во наредните две години во кои имам договор. Сакам да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но тоа зависи и од клубот, рече 34-годишниот играч од средниот ред во интервју за „Газета дело дело”.
Во среда, УЕФА официјално ќе го објави новиот формат за плеј-офот на Лигата на шампионите оваа сезона.
– Пари Сен Жермен ќе биде добро, иако нема да играат до август. Лесно е да се посочат Барселона и Баерн кога се зборува за фаворити. Мора да бидете внимателни со Атлетико Мадрид. Оној што ќе продолжи напред меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, сигурно ќе биде меѓу фаворитите, прокоментира Хрватот.
Халфот зборуваше и за својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо, кој, според него, е меѓу најголемите во историјата.
– Тој секогаш сака да победи, тој знае како да мотивира. Тој е човек со големо срце и секогаш е подготвен да помогне. Ни недостасуваат неговите голови и карактер, рече Модриќ.