емни мрсни дамки од утрово се видливи во водите на реката Вардар кај Велес. Како што објви ТВ 24 се работи за хаварија во велешката фабрика за масло „Благој Ѓорев“ при што поголема количина мазут се излеал на улицата до фабриката, од која дел, најверојатно завршил во Вардар.
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски го повика Инспекторатот за животна средина да изврши увид, а водите на Вардар се забранети за капење поради загаденост од петти степен, јави дописникот на оваа телевизија.
Хаваријата во велешка „Маслодајна“ се случила вчера, а вработените цел ден ја чистеле улицата, која полицијата ја затворила за сообраќај. За да го впие истечениот мазут, врз него се истурало сончогледово ќоспе, кое потоа било фрлено.
Градоначалникот Коцевски вели дека дел од мазутот, низ одводен канал за атмосферска канализација, стигнал до водите на реката Вардар.
Од фабриката за „Благој Ѓорев“ за ТВ 24 изјавиле дека нема излеано количина на мазут директно во одводен канал, за што велат дека имаат испратено и соодветни фотографии, а количината која што излегла на улица не е повеќе од 300 кг, што е согласно визуелните проценки, велат од фабриката.
Екипите на крим техника не направиле увид, со образложение дека на никого не му е предизвикана штета.
Од општина Велес најавија дека ќе поднесат информација до обвинителството, заедно со фотографии од местото на хаваријата.