Загрепчани изненадени од подароците оставени на кантите за отпад

Непознат граѓанин ги изненадил граѓаните на Загреб со подароците што ги оставил на кантите за отпад.

На кантите за хартија во Илица се појавиле книги, кои непознат човек од Загреб, се чини, не сакал да ги фрли, па затоа ги оставил за да може да ги земат оние што ќе сакаат да ги прочитаат.

Интересната глетка им го привлекла вниманието на минувачите, а и воодушевила многумина.

Треба да знаете
Последни објави