Македонија попладнево ќе ги добие ривалите во квалификациите за ЕП-2022

Попладнево (17 часот) во Виена ќе биде извршена ждрепката за составот на квалифиакциските групи од ракометното ЕП-2022 кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка (од 13 до 30 јануари). Македонската репрезентација која има досега шест настапи на завршниците од континентланите собири, пет во континуитет ќе ги добие своите противници од вториот рејтинг барабан. Македонија  во вториот барабан е со селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и Холандија, кои нема да бидат противници.

Вкупно 32 селекции ќе бидат распределни во осум групи со по четири репрезентации. По настапите во групите пласман на завршницата ќе обезбедат првопласираните две селекции од сите групи, како и четирите најдобропласирани три селекции. На завршницата преку квалифиакциите ќе се пласираат 20 репрезентации, а директен пласман имаат обезбедено домаќините Унгарија и Словачка, како и финалистите од последното ЕП-2020, актуелниот првак Шпанија и Хрватска.

Одигрувањето на квалификациски кола се закажани за 5. и 8. ноември, па 11. и 14. март (2021), последните две се играат на 29. април и 2. мај 2021 година.

 

 

Треба да знаете
Последни објави