Свршеницата на Џокер за првпат во јавноста со трудничко стомаче

Холивудската актерка Руни Мара (35) беше фотографирана како шета сама низ улиците на Лос Анџелес, без да ѝ прави друштво нејзиниот свршеник Хоакин Феникс (45).

35-годишната актерка носела широка маица и цело време го криела трудничкото стомаче со јакна или торба, со што беа потврдени приказните дека е бремена.

Хоакин и неговите свршеница го очекуваат своето прво дете, а во врска се од 2016 година. Среќната вест неодамна ја објавија странските медиуми, но познатите актери не се огласија за тоа.

Иако не носела заштитна маска на лицето, таа имала марама врзана околу вратот, па ја кревала на уста секој пат кога имало минувач.

Руни Мара и Хоакин се свршија во јули 2019 година и од тогаш честопати покажуваат колку се среќни заедно.

Треба да знаете
Последни објави