Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа онлајн прес-конференција пред виртуелната средба на министрите за одбрана од Алијансата на 17 и 18 јуни.
Тој посочи дека на дводневната министерска средба, меѓу другото ќе се стави акцент на опасноста од втор бран на новиот коронавирус.
Столтенберг, исто така, рече дека министрите за одбрана ќе разговараат и за следните чекори за мисиите и операциите на НАТО, вклучително и за одговорот на Алијансата на новите руски нуклеарни ракети.
Генералниот секретар потврди дека министрите за одбрана од Финска, Шведска и Австралија ќе се приклучат на овие дискусии, како и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жосеп Борел.