Шефот на германската дипломатија Хајко Мас, кој е официјална посета на Вашршава, денеска изјави дека не добил никаква информација за повлекување на американските војници од Германија.
Тој истакна дека присуството на американската армија во Германија е клучно за германската и американската одбрана.
Претседателот на САД, Доналд Трамп му нареди на Пентагон да го намали бројот на американски војници во Германија на 25.000, всушност да се повлечат околу 9.500 припадници на армијата.