Притвор за прилепчаните кои со „пежо“ бегаа цела вечер и прегaзија двајца полицајци

СВР Прилеп поднесе кривична пријава против А.Т.(25) и Б.Р.(28) двајцата од  Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

На 13.06.2020  при вршење на редовна контрола од полициски службеници било забележано патничко возило „пежо“, кое се движело по бул.„Гоце Делчев“ и од нивна страна му било даден знак “стоп“, но истото не застанало.

Потоа полициски службеници кои биле поставени на крстосницата со ул.„Самоилова“ и ул.“Марксова“ дале занак за запирање, но возилото со голема брзина се упатило кон нив при што се здобиле со повреди.

Истото возило на неколку наврати било запирано од патролните служби на регионалниот пат од Прилеп-Македонски Брод, по што биле сопрени на земјен пат од градските гробишта Прилеп кон Варош. Пријавените биле приведени во Полициската станица Прилеп и за А.Т. судија на претходна постапка при Основен суд – Прилеп, одредил мерка притвор.

Треба да знаете
Последни објави