Грк бил фатен во обид да прошверцува 35.000 евра, минатата недела на Богородица, информираше Царинската управа.
Парите биле откриени во соработка со полициските службеници, при контрола на грчко товарно комбе управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Богородица.
Во кеса сместена во фиока пред совозачкото седиште биле пронајдени 35.000 евра, од кои на возачот и сопатникот им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата. Проив возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.