Пандев добил понуда од Џенова да игра до кога сака во овој калчолигаш

Во исчекување утре УЕФА да го соопшти новиот термин за одигрување на бараж натпреварите од фудбалската Лига на нации за пласман на ЕП-2020 кое е поместено за идната година, капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев доби понуда од својот клуб Џенова, да продолжи да игра додека сака. Понудата му ја дал претседателот на клубот Енрико Прециози.

Пандев не ја донел конечната одлука за завршување на кариерата, но најави дека тоа сака да го направи по настапот на македонија на историска завршница од ЕП. Од оставрувањето на овој сон Пандев и макеоднската репрезентација ги делат само два чакори, полуфиналниот дуел со Косово во ЛН и финалето со подобриот од Грузија – Белорусија.

Првиот човек на Џенова, Прециози откри дека разговарал со Пандев околу неговите планови.

-Се видов со Пандев по последниот натпревар и го прашав: ‘Сакаш ли да играш на Европското првенство? Тогаш, остани тука колку што сакаш. Пандев е еден од најсериозните играчи кои сум ги сретнал. Многу сум приврзан за него. Тој остави неизбришлива трага и има огромно позитивно влијание во нашиот клуб, изјави Прециози.

Пандев иако има 36 години е еден од најдобрите поединци на Џенова сезонава и најдобар стрелец со седум погодоци во првенството.

 

Треба да знаете
Последни објави