Англискиот Челси направи понуда за играчот од средниот ред на италјанскиот фудбалски калчолигаш Јувентус, Миралем Пјаниќ.
Се чини дека Бошњакот ќе ги напушти „бјанконерите”, бидејќи сака да игра во Барселона.
Сепак, преговорите помеѓу Јуве и Каталонците се во застој и сега неговата иднина е нејасна. Пјаниќ има предлог и од Пари Сен Жермен.
Италијанскиот шампион е заинтересиран за играчот од средниот ред на Челси, Жоржињо и се подготвени за размена.
Оваа сезона Пјаниќ има забележано 33 натпревари на сите натпреварувања, постигнувајќи 3 гола и 2 асистенции.