Владата на денешната 69. седница ја дополни уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба. Како што се наведува во соопштението, сега и приватните здравствени установи, во рамките на вршењето на дејноста интензивна нега и терапија, ќе може да укажуваат здравствени услуги и за заразната болест Ковид-19 за пациентите примени во установата, а кај кои во текот на укажувањето на здравствените услуги за дијагностицирање, лекување, третман, нега и рехабилитација во установата е утврдено присуство на вирусот Sars-Cov-2.