Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е носител на одговорна власт! Нашата одговорност е потврдена во континуитет, се потврдува и сега.
Затоа, преземаме чекор за да им олесниме на сите граѓани веднаш да заврши оваа игра на нерви од која најмногу страда народот.
Ни треба активно Собрание – домот на демократијата, домот на народните претставници мора да биде активен.
Ни треба целосно фунцкционална политичка влада. Тоа треба да им го озовоможиме на сите, пред се на граѓаните, а потоа и на власта и на опозицијата.
Мораме да си ги спасиме државата и народот од каков било ризик од дополнително влошување на ситуацијата. Поголема криза од ова нема да можеме да издржиме со техничка влада и без Собрание.
За да не страда народот и за да им се овозможи на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на дело да ја покажат својата одговорност, го заклучивме 15 јули како конечен, последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата.
Во таква ситуација, изборниот ден ќе биде на 15 јули, среда, неработен ден за сите граѓани.
13-ти и 14-ти јули односно понеделник и вторник ќе бидат денови за гласање на болни и изнемоштени лица, вклучително и граѓаните кои се позитивни на коронавирусот дома или во болници, сите што се во само-изолација и сите хронично болни граѓани. Молкот ќе настапи на крајот на денот 12-ти јули, недела.
Ова е за спас на државата. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да одговорат и да влезат во демократскиот процес заедно со сите други политички чинители во земјава.
15 јули е ден за гласање, ден за одлуки и за спас на државата од кризата во која влеговме. 15 јули е ден на кој граѓаните ќе потврдат дека продолжуваме на правиот пат, патот кон развој и напредок, кон економски раст и интеграција.
Во време на сериозна пандемија Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како незрел, несериозен и неодговорен политичар чие однесување е закана за јавното здравје.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку прекршување на забраните, преку деструктивното однесување, преку лажните вести се обидуваа да го саботираат и здравствениот и економскиот и политичкиот систем.
Граѓаните многу добро гледаат кој е одговорен, а кој не, кој се грижи за граѓаните, а кој не.