Во март годинава , во услови на светска пандемија, Република Северна Македонија стана 30 земја членка на НАТО, со што се реализираше една од двете стратешки определби поставени на референдумот од 1991 година.
Членството на Република Северна Македонија во НАТО е најсилната гаранција за територијалниот суверенитет, гаранција за безбедноста и стабилноста на земјата.
Она што е исто така важно, станавме челнка на НАТО со сочуван и потврден македонски идентитет, признаен македонски јазик, впишан во нашата лична карта во ООН.
Македонското знаме се вее гордо заедно со знамињата на најсилните демократски држави во светот.
НАТО значи поддршка и солидарност. Денес, имаме значителна помош од НАТО земјите членки во справување со коронавирусот, државата има поголема заштита на македонското небо , што нашите сојузници тоа го демонстрираа со заедничко надлетување на авиони на Алијансата.
Договорот нѐ донесе и чекор поблиску до ЕУ. Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство.
СДСМ е носител на одговорна власт и натаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата.