Денеска започна акцијата за исплата на заостанатите долгови на рати без камата за задоцнето плаќање на долговите кон ЈП Водовод и канализиација. Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, од 17.06.2020 до 31.07.2020. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.
Во просториите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, процесот се одвива непречено и притоа се почитуваат сите протоколи за влез, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита.
Со цел заштита на корисниците и вработените, во ЈП Водовод и канализација – Скопје, секојдневно се врши зачестена дезинфекција на просторот.