Ким Јо Јонг: Јужна Кореја е виновна за влошување на односите меѓу Пјонгјанг и Сеул

Јужна Кореја сноси одговорност за влошување на односите меѓу Пјонгјанг и Сеул, кои станаа игротека за САД, изјави денеска првата потпретседателка на Централниот комитет на Работничката народна партија и сестра на лидерот на Северна Кореја, Ким Јо Јонг.

– Општо е познато дека виновници за мрачната ситуација се дезертерите кои испраќаа летоци против Северна Кореја и властите на Јужна Кореја кои се воздржуваа да го спречат тоа, се вели во изјавата на Ким.

Како што наведува, Сеул треба да се извини и да вети дека слични инциденти никогаш повеќе нема да се случат.

– Тоа е трагедија произведена од упорно американско мешање и тврдење на јужнокорејските власти дека врските меѓу север-југ се сведени на игротека на САД, рече Ким.

Треба да знаете
Последни објави