Грција донесе уредба со која српските државјани можат да влегуваат во земјата и од Бугарија

Границата меѓу Бугарија и Грција е отворена за непречен проток на српските државјани, додека рампите на Евзони меѓу С. Македонија и Грција е крената за транспорт на стока, објави денеска на веб-страницата грчкото Министерство за надворешни работи. Евзони за прелаз на патници ќе биде отворен од 1 јули.

Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА), Александар Сеничиќ, рече дека е известен од грчкото Министерство за туризам за оваа измена во уредбата.

-Тоа е измена што грчката влада ја донесе, по што официјално е објавена на страницата, објаснува Сеничиќ.

Во оваа уредба е наведено дека поединечно некои патници  по случаен избор ќе бидат тестирани.

Доколку се утврди дека некои од лицата кои ќе бидат тестирани се позитивни на коронавирусот, ќе бидат ставени во карантин и ќе останат под надзор најмалку 14 дена.

 

Треба да знаете
Последни објави