Хоти: Целта на Косово во преговорите е Србија да ја признае независноста

Косовоскиот премиер Авдулах Хоти порачал дека главната цел во дијалогот со Белград ќе биде  Србија да ја признае независноста на неговата држава.

Хоти притоа ги навел и другите цели кои Косово покрај меѓусебното признавање со Србија сака да ги оствари во преговорите со Белград, а тоа се членството на земјата во Еевропската унија и Обединетите нации, признавањето на Косово од страна на пет земји членки на ЕУ и укинувањето на резолуцијата 1244 од Советот за безбедност при ОН.

Од ови зацртани цели неиодмна промовираниот премиер Хоти изјавил дека Косово нема да се откаже во текот на реговорите со Србија кои ќе се возобноват на 27 јуни во Вашингтон.

 

Треба да знаете
Последни објави