Легендарниот српски фолк пеач Добривоје Топаловиќ почина денеска на 75-годишна возраст.
Тажната вест ја потврди неговата колешка Снежана Ѓуришиќ.
– Да, почина, долго време страдаше од карцином, една година и си замина. Почина во Чачак – потврди Ѓуришиќ.
Тој започна да пее во културно и уметничко општество во Чачак, а првиот албум „Кога би знаела колку те сакам “ во 1968 година.
За време на неговата повеќедецениска кариера, тој сними 26 сингл плочи и шеснаесет студиски албуми.