Вучиќ: Услови кои ги постави Хоти се неприфатливи за Србија

Пред да се обновата преговорите на реалција Белград – Приштина, закажани за 27 јули во Вашингтон, испорачани се барањата од Косово, кои нведнаш од Србија се одбиени како неприфатливи.

-Сите пет барања се неприфатливи за Србија. Ако е тоа платформата со која Хоти или нТачи ќе дојде на преговорите, подобро да не доаѓаат. Јас да глумам херој или да ги навредувам не ми паѓа на ум. Тоа што вие мислите дека сте го зацртале како позиција, така што го повторувате како папагали и велите како сте направиле компромис ? Добро, не мораме да разговараме – им возврати веднаш Алесандар Вучиќ претседателот на Србија и додаде дека со закани и уценувања не може да и наштети на неговата земја.

-Ако мислите дека со уценување можете да и наштетите на Србија и да го смените ставот на Белград и мојот личен сте се излажале – им порача Вучиќ на косовските власти.

Косвскиот премиер Хоти како цели ги постави меѓусебното признавање со Србија, членството на земјата во Еевропската унија и Обединетите нации, признавањето на Косово од страна на пет земји членки на ЕУ и укинувањето на резолуцијата 1244 од Советот за безбедност при ОН.

 

Треба да знаете
Последни објави