Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Зоран Заев
„Распука бетонот за идентитетот гарантиран и излажан од Зоран Заев. Зоран Заев слави годишнина на договор, а не кажува дека две години нема направено ништо за Македонија.
Македонија тоне. Економски воопшто не е добро, напротив е полошо со оваа рекетарска власт. Европската иднина токму поради оваа рекетарска власт е се уште далеку, Преспанскиот договор е реалност која што Зоран Заев ни ја наметна, но ние ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи жарот за Македонија некогаш да згасне. Две години нема ниту еден нов километар автопат или магистрален пат. Две години нема нови болници, училишта или градинки.
Две години Заев и СДСМ немаат направено ништо за младите, за студентите, за средношколците. Ветија дека ќе вратат 600.000 млади, ажно дополнително се иселија заради нивните лоши политики.
Две години државата стагнира. Имаме само криминал, корупција и сиромаштија.
Две години имаме неспособност од невидени размери. Две години тапкаме во место.
Македонија не може со СДСМ понатаму. Македонија заслужува подобро. Следува обнова.„