Западен Брег: Палестинските безбедносни служби уништија доверливи документи

Палестинските безбедносни служби вчера уништија доверливи документи во очекување на израелски упад во седишата на службите за безбедност на окупираниот Западен Брег, сличен на упадот извршен во 2000 година, изјави неименуван палестински извор.

Тој тврди дека се уништени некои оригинални хартиени документи, откако се префрлени на УСБ, додека други се сместени на тајни локации.

– Добивме наредба од врвот да ги уништиме доверливите документи со кои располагаме и таа наредба ја спроведовме во тајност, истакна неименуваниот извор.

Тој доодаде дека операција за уништување на документите е преземена поради страв дека израелска армија ќе изврши разции на палестинските територии кои се под контрола на палестинсата безбедносна служба и оти ќе дојде до тие документи.

Во мај палестинскито претседател Махмуд Абаснајав повлекување на Палестинската управа од сите договори со американсата и израелската Влада, вклучително и безбедносната координација, откако Израел го соопшти планот за анексија на голем дел од окупираната територија на Западен Брег.

– Ако (израелскиот премиер Бенјамин) Нетанјаху анектира и сантиметар од палестиската територија, тоа значи уништување на секоја можност за мир, изјави во неделата секретарот на Извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација, Саеб Ерекат.

Палестинската управа стравува дека би можело да дојде до израелски напад сличен на тој извршен како одговор на палестинското востание во 2000 година, познато како Втора Интифада, кога израелската армија упадна во седиштата на палестинските безбедносни служби и заплени доверливи документи и оружје.

Израелската Влада на 1 јули треба да ја претстави стратегијата за примена на планот на САД за решавање на израелско-палестинскиот судир. Палестинците го отфрлија планот, што предвидува израелска анексија на Долината Јордан и еврејските населби во Западен Брег, палестинска територија окупирана во 1967 година. Во Западен Брег живеат 2,5 милиони Палестинци, а во изминатата деценија бројот на жители во еверејските населби се зголеми за 40 отсто на повеќе од 450.000 луѓе. Поголемиот број земји-членки на Европска Унија се против израелската анексија.

Треба да знаете
Последни објави